ДУИ ја поздрави наредбата на Бајден
ДУИ ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западен Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските институции.
Од ДУИ велат дека е за поздравување фактот што меѓу оние кои што ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан се етикетирани и што се вклучени и оние кои работат против Преспанскиот и против Охридскиот рамковен договор кои, всушност, се наши црвени линии.
– ДУИ целосно ја поддржува одлуката на САД, поточно нивната посветеност за унапредување на отчетноста и борбата против корупцијата во Западен Балкан но и низ целиот свет. ДУИ како одговорна партија во Република Северна Македонија ја поздравува длуката на Белата куќа за гарантирањето на безбедноста и политичката стабилност на Западен Балкан, а посветеноста на администрацијата на Бајден за унапредувањето на основните интереси во заштитата на демократските институции ДУИ ќе ја подржи и никогаш нема да се двоуми – велат од партијата.