Државно првенство на бармени во Скопје


Во Скопје денеска ќе се одржи 17. Државно првенство на бармени. 

Натпреварот го организира Здружението на бармени на Македонија. Ќе почне во 11.00 часот со квалификации, полуфиналето е од 14.00 часот, а финалето од 18.00 часот.

Победникот ќе ја претставува државава на Светското првенство на бармени кое ќе се одржи во октомври во Макао.