Државно првенство на бармени по 14. пат во Скопје


 Здружението на бармени на Македонија по 14. пат го организира Државното првенство на бармени.

Денешниот натпревар ќе се одржи во скопскиот хотел „Мериот“.

– Квалификациите започнуваат во 11.30 часот. Главниот настан – полуфинале и финалето се од 14.30 до 17 часот. Победникот ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Рим, Италија оваа есен, информираат од здружението.