Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан


Р

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г.г. Стефан денеска по повод неговиот именден традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием за државниот врв.

Како што информирираат од Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, на приемот се поканети претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски. 

На приемот ќе присустуваат и митрополитот Брегалнички Иларион и митрополитот Тетовско-гостиварски, Јосиф.

Црквата го слави Светиот првомаченик Стефан, првиот кој пострадал за христовата вера.