Дроновите играат клучна улога во руско-украинската војна за двете страни


 

Британското министерство за одбрана објави нов дневен извештај од Украина во кој се истакнува дека користењето на дроновите во руско-украинската војна играат клучна улога за двете страни.

„Руско-украинската војна доведе до тоа беспилотните летала (UAV) да играат клучна улога за двете страни, иако претрпеа висока стапка на исцрпување. Беспилотните летала се покажаа ранливи и на соборување и на електронски пречки“, се наведува.

Британците тврдат дека Русија се обидела да го имплементира концептот на „извиднички урар“ кој го усоврши во Сирија, а кој користи беспилотни летала за идентификација на целите кои ќе се гаѓаат со борбени авиони или артилерија.

„Русија веројатно има недостаток од одговарачки извиднички беспилотни летала за оваа задача, што е влошено со ограничените капацитети на домашно производство како резултат на санкциите“, пишува во извештајот.

Од Министерството за одбрана сметаат дека руските авиони со посада главно продолжуваат да избегнуваат летови над украинска територија, веројатно поради заканите од недопрените украински ракетни системи за противвоздушна одбрана.

„Ако Русија продолжи да губи дронови со моменталната брзина, разузнавачките, надзорните и извидничките капацитети на руските сили ќе бидат дополнително деградирани, што негативно влијае на оперативната ефикасност“, се наведува во извештајот на Министерството за одбрана на Велика Британија.