„Дрисла“ и „Градски паркинг“ добија нови директори – еве кого назначи Ѓорѓиевски


Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши кадровски промени во дел од градските јавни претпријатија, со назначување нови в.д. директори на „Дрисла“ и „Градски паркинг“.

На чело на „Дрисла“ од вчера седна Стевче Трпковски, поранешен градоначалник на општина Сопиште во три мандати. Тој доаѓа на местото на Самир Хусени, кој ја извршуваше функцијата во периодот кога со Град Скопје раководеше Данела Арсовска.

Промени има и во „Градски паркинг“, каде нов в.д. директор е Владимир Кроневски од коалицијата Демократски сојуз. Тој го замени Мартин Гаврилски.

 

Со овие нови назначувања, градската администрација продолжува со кадровските усогласувања во пресрет на новиот циклус урбани и комунални проекти во Скопје.