Драматично видео од Њујорк: Кран се запали и удри во зграда


Во Њујорк се запали кран, а потоа удри во зграда и дел од него се откина и падна на земја.

Се запалил кран кој бил поставен на зграда во Њујорк, а делот кој е паралелен со земјата се свртел, удрил во блиската зграда, се откинал и паднал на земја на 10-та авенија.

Градските власти соопштија дека споменатата авенија е затворена од безбедносни причини. Околните згради се евакуирани поради можност за дополнително уривање, јави ABC.

Пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот на врвот на кранот.