Драган Спасов -Дац лауреат на годинашниот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“

На свеченост по повод отворањето на годинашниот 14. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ денеска напладне во Крива Паланка ќе биде врачена наградата на годинашниот лауреат актерот Драган Спасов-Дац за заслуги во развој и промоција на театарската уметност.
Организаторот на фестивалот е Општина Крива Паланка, соопшти дека свечената промоција ќе се одржи во големата сала за свечености на Општина Крива Паланка. Промотори на лауреатот ќе бидат театрологот и театарски критичар, Гоце Ристовски и познатиот актер Благоја Чорески.
Фестивалот продолжува утре и задутре со настанот „Гигафест“, организиран во чест на младиот кривопаланечки деец и режисер, Глигор Цветковски, кој минатата година прерано не напушти во екот на пандемијата со Ковид-19, а фестивалската програма ќе трае во продолжение, од 30 октомври до 6 ноември, со театарски претстави од земјата и странство, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.
Љубителите на театарската уметност од Кирва Паланка и регионот ќе можат да уживаат во репертоарот нови комедии и перформанси, стенд-ап комедии од познати театри од земјава и Балканот.