ДПМ нема да ги додели наградите на тематскиoт конкурс на  „Празник на липите 2025“


Во врска со анонимниот конкурс „Помеѓу пејзажот и бетонот“ во рамки на манифестацијата „Празник на липите“, која се одржа на 13 и 14 јуни оваа година, УО на ДПМ  на својата последна седница бр. 12-2025/1 ја донесе следната Одлука: 

„Поради констатираните неправилности, нетранспарентност во начинот на избор на наградените творби, како и повлекување на двајца членови на жири-комисијата, УО донесе Одлука да не се доделат наградите на конкурсот ‘Помеѓу пејзажот и бетонот’ во рамки на манифестацијата ‘Празник на липите’ за 2025 г.)“.

Во донесувањето на оваа Одлука на Управниот одбор на ДПМ не учествуваа оние членови на УО што учествуваа на конкурсот со свои творби.

Управниот одбор на ДПМ, по завршувањето на манифестацијата „Празник на липите“ усвои Правилник и Деловник за доделување на награди за најдобри песни на манифестацијата „Празник на липите“.