Дозволени 60 км/ч – тој „летал“ со 139 км/ч


Фото: Б. Грданоски

Лишен од слобода возач од битолско кој управувал возило со 139 километри на час на место каде е дозволено до 60 километри на час.

Како што информираат од МВР, вчера (01.02.2026) во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.Г.(22) од село Ношпал, битолско.

При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на 60 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од Кривичен законик – „безобѕирно управување на моторно возило”, додаваат од МВР.