Доставувач бил нападнат со нож во скопски Аеродром
Доставувач бил нападнат и ограбен во скопски Аеродром. Вчера во 17:40 часот, Н.Т. (26) од Скопје пријавил во СВР Скопје дека околу 12:45 часот, додека работел како доставувач за приватна фирма, на паркинг во Аеродром бил нападнат од две лица кои му се заканувале со нож и му ја одзеле чантата.
Во чантата имало негови лични, но и службени пари.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.