Досега попишани 177.875 иселеници, според ДУИ главно Албанци
Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177.875 лица од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика.
Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58.067, Германија – 40.400 и Италија – 2.618.Во САД има попишано 7. 484 лица, во Австралија 2. 227 и Канада – 1.591 граѓанин.
Од соседството од Албанија досега самопопишани се 362 лица, Босна и Херцеговина – 530, Бугарија – 408, Грција – 141, Косово – 1 038, Словенија – 3 324, Србија – 678, Хрватска – 1 331 и Црна Гора – 163.Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на граѓаните од дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава.
Градоначалничката на Тетово, теута Арифи минатата недела на својот профил на Фејсбук објави бројка од 160.000 што многумина ја протолкуваа како број на наши државјани со албанско потекло што се попишале досега, што ако е точно дава поразителна слика за однесувањето на македонските иселеници.
Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, Државниот завод за статистика денеска информираше дека нема да ги отпочне пописните активности на терен, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ.