Дортмунд: Маж со македонски пасош ја убил сопругата пред малолетните деца


Според германски медиуми страшни сцени се случиле вчера во станбена зграда во центарот на Дортмунд.

Во извештаите се наведува дека 33-годишен маж со нож ја избодел својата три години помлада од него сопруга, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Таа подоцна починала во болница.

Според јавното обвинителство, трите мали деца на парот (3, 4 и 6 години) биле сведоци на делото. Децата истрчале кај соседите, кои потоа повикале полиција.

Осомничениот 33-годишен сопруг носител на македонски пасош побегнал со автомобилот по инцидентите.

Кога пристигнала итната помош, жртвата повеќе не била свесна, а жената набргу потоа починала во болница.

Децата биле предадени на Канцеларијата за заштита на младите, но во текот на денот требало да бидат однесени кај роднини.

Според информациите жената живеела одвоено од сопругот македонски државјанин. Таа само пред неколку дена се вселила во станбената зграда со децата. Според информациите од институциите сопругот во неколку наврати бил насилен кон сопругата.

Сопругот на жртвата веднаш по злосторството побегнал со автомобил, но подоцна бил уапсен во близина на Вирцбург. Оттогаш е во притвор. Според досегашните информации, јавното обвинителство го товари за убиство.

Во понеделникот вечерта, полицијата со часови била распоредена во голем број на локации во Дортмунд за да обезбеди докази.

Полицијата ја истражува и евентуалната историја на семејно насилство и проверува дали поради оваа причина имало решение за забрана да и се доблужува на жртвата. Осомничениот молчи за наводите, се вели во информацијата што е потврдена од Јавното обвинителство на Дортмунд