Докторка психијатар истепала своја колешка на работа во Битолската болница 


 

Докторка  од одделението за Психијатрија нападнала колешка, исто така специјалист психијатар при Клиничката болница Битола. Настанот го потврди и СВР Битола.

Двете лекарки, кои се на околу педесеттина години, наводно повеќе време биле во нарушени колегијани односи, велат извори од болницата.  

„На 01.03.2024 во 15.50 часот во СВР Битола, Т.Ч.И.(49) од Битола пријавила дека на работното место во Клиничка болница Битола била физички нападната од нејзината колешка Д.Т. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти СВР Битола. (А.Б.)