Договорено одржување на паркот во Топаанско Поле


Општина Чаир се залага за позелена населба, па во согласност со тоа, денеска се сретнаа градоначалникот Висар Ганиу и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча, за да договорат создавање нови парковски површини таму каде некогаш не постоеле и за уредување на постоечките паркови.
За координирање на следната инвестиција која се однесува на реконструкцијата на големиот парк во населба Топанско Поле, градоначалникот Ганиу и директорот Муча потпишаа меморандум за соработка.

На средбата во присуство на граѓани, изразија силна волја за продолжување на работата за зачувување на угледот на Чаир како најзелена општина.

ЈП „Паркови и зеленило“ треба да се погрижи за реконструкција и хортикултурно уредување на јавните зелени површини и садење цвеќиња и садници, додека Општина Чаир ќе биде одговорна за поставување урбана опрема (парковски клупи и корпи за отпадоци), за уредување на пешачките патеки, за одржувањето на парковското осветлување, за создавање на детски простор за играње и креирање на нови фитнес зони на отворен простор.