Додик го прогласиле за непожелен на конференцијата во Израел


Милорад Додик даде интервју за „Ерусалим пост“

 

Водачот на босанските Срби, Милорад Додик, во четвртокот потврди дека организаторите на конференцијата за борба против антисемитизмот што се одржува во Ерусалим, практично го прогласиле за персона нон грата на собирот, принудувајќи го да замине.

Додик ова го изјави за израелскиот весник „Ерусалим пост“ во написот што е достапен на веб-страницата од четвртокот.

Во текстот се наведува дека Додик ненадејно ја напуштил конференцијата во Ерусалим за антисемитизам по само еден час, наводно откако израелските власти го информирале дека неговото присуство е дипломатски проблематично откако Судот на БиХ нареди меѓународна потерница против него.

„Дојдов во Израел да зборувам против антисемитизмот… Наместо тоа, се најдов себеси непожелен – гостин кој се чувствуваше како натрапник“, рече Додик во интервју за „Есалим пост“.

„Во име на Република Српска, дадов целосна поддршка на државата Израел и нејзиниот премиер Бенјамин Нетанјаху во борбата против антисемитизмот, тероризмот и политичката нетрпеливост“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.

Тајмингот ги крена веѓите. Додик веќе пристигна во Израел кога беше објавено соопштението. Според Ynet, тој ненадејно ја напуштил конференцијата за антисемитизам во Ерусалим по само еден час, наводно откако израелските власти го информирале дека неговото присуство е дипломатски проблематично. Но, вистината е дека тој остана до крајот на самитот и дури беше фотографиран со премиерот Бенјамин Нетанјаху.