Доделување на признанието „Просветен работник на годината“
Сојузот на просветни работници, по повод 5 Октомври – Меѓународен ден на учителите, денеска ќе го додели признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2023/24, од сите нивоа на образование.
На настанот во ЈУДГ „Детска радост“ во Скопје, како што најавија организаторите, обраќања ќе имаат министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјала, демографија и млади Фатмир Лимани, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и претседателката на Сојузот на просветни работници Лидија Николовска Георгиевска.