Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2020“


Во организација на Македонскиот институт за медиуми денеска ќе се доделат новинарските награди „Никола Младенов 2020“.

Ќе бидат доделени три награди во категории, „Нajдобра истражувачка сторија“, „Најиновативен новинарски производ“ и „Најдобра репортерска фотографија“.

Наградите се доделуваат традиционално по дваесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за  унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.