Додека цела Србија штрајкува, Вучиќ порачува: ЕКСПО работи, Србија се гради (видео)


 

Студентите ги повикаа граѓаните на Србија, денеска, петок, целосно да ги прекинат сите активности, наведувајќи дека „генералниот штрајк“ треба да биде израз на општа граѓанска непослушност и граѓанска солидарност. 

На работа не отидоа многу наставници, лекари, угостители, вработени во државните институции, културните установи, а некои медиуми цел ден нема да имаат програма, додека некои ќе сопрат на 15 минути од 11,52  до 12,07 часот.

Додека голем дел од српските работници се приклучија на генералниот штртајк, српскиот премиер Александар Вучиќ, утрово се јави преку видео на Инстаграм во кое вели:

„Србија работи, Србија се гради. ЕКСПО се гради, Србија работи. (ЕКСПО се гради, Србија ради!) Овде сме на темел-плочата, еве ја идната гаража, во станбениот блок на 700 метри се гради“, рече Вучиќ, кој не го коментираше денешниот генерален штрајк.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Во Србија денеска генерален штрајк на кој повикаа студентите