Добитник на џекпот од 40 милиони долари конечно ги презел парите, заборавил на тикетот


Татко од западна Австралија кој освоил 40 милиони долари на лотаријата „Powerball“ конечно се јавил откако се сетил дека не го проверил ливчето што го оставил во задниот џеб.

Добитникот го купил билетот само еден час пред затворањето и ждрепката на 2 март. Сопственикот на добитниот тикет бил објавен во петокот, една недела откако го купил.

„Бев во целосно неверување и шок кога продавачот ми објасни дека имам добитен тикет, кој случајно ми останал во џебот“, вели тој и додава: „Ова ни ги промени животите“.

Сепак, победникот на најголемиот џекпот на Powerball досега, со 2,04 милијарди долари, сè уште не ја добил својата награда. Добитниот тикет бил продаден во Алтадена, Калифорнија, а добитните броеви биле 10, 33, 41, 47, 56. Според државниот закон, добитникот има рок од една година од извлекувањето да ја побара наградата.