„Дизни“ укинува 28.000 работни места
САД– Компанијата „Волт Дизни“ намалува работни места за 28.000 вработени во своите забавни објекти во САД. Ова е најновиот сигнал дека патувањата ќе бидат со потешкотии во земјата долго време.
Намалувањето влијае на тематските паркови на компанијата, крузери и трговијата на мало, соопштија од Дизни. Тие вклучуваат и менаџери, иако 67 проценти од отпуштените се со скратено работно време. Дизни нуди бенефиции за технолошкиот вишок, вклучително и 90-дневни услуги за барање работа.
Повеќе од 100.000 луѓе работеа во парковите на Дизни пред пандемијата. Нејзината работна сила изнесуваше 223.000 на крајот на минатата фискална година.
Кризата со Ковид-19 ги затвори парковите на Дизни низ целиот свет. Иако одморалиштата во другите области се повторно отворени – вклучително и Флорида, во јули – Дизни се уште нема добиено дозвола за повторно започнување со работа во своите два тематски парка во Анахајм, Калифорнија.