Димитров на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија


Ниедна земја не може да ни диктира кој е нашиот јазик и идентитет, рече Никола Димитров во Стразбур

На покана на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска  економска  соработка, утре во Софија, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, ќе  учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка.

Се очекува, соопштија денеска од МНР, на состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка, Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на оваа организација.

Во соопштението се посочува дека министерот Димитров е предвидено да има свое обраќање во кое ќе ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска  економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство, како и продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка.