Димитров: Без одлука за преговори во октомври, ќе мора да признаеме дека немаме европска перспектива


– Немаме процес ако земја го испорача тоа што треба, а доколку ЕУ не го препознае прогресот и не даде дозвола само за да го започнеме патувањето – рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на Министерската конференција за Западен Балкан во Стокхолом.

-Во 2009 ни рекоа рано е, во 2010 ни рекоа рано е, исто и следните години. Лани ни рекоа во јуни, но јуни помина. Доколку во октомври нема одлука, доколку повторно ја одложат одлуката, ќе мора да признаеме дека европската перспектива ја нема. За жал немаме алтернатива. Така да шансите за успех во октомври се оптимистични и немаме луксуз да ја пропуштиме и оваа прилика – рече Димитров.

Тој додаде дека најважната битка на неговата генерација и да направи услови за следната генерација да не ја напушти државата, да остане дома и да се бори за подобра европска држава.