Димитриевски се подготвува за прослава на кумановскиот плоштад
Независниот кандидат Максим Димитриевски повика на прослава на кумановскиот плоштад и веќе слави во својот изборен штаб повикувајќи се на резултати од набљудувачите.
Дел од медиумите јавуваат дека неговиот противкандидат Оливер Илиевски ја потврдил победата на Димитриевски.
На социјалните медиуми се појавија и фотографии од атмосферата во штабот на Димитриевски, каде се спремаат за славење.