ДИК почна да објавува резултати
На страницата на Државната изборна комисија почнаа да се појавуваат првите резултати.
Од скопските општини, може да се видат резултатите за Карпош и Центар, каде за градоначалници се тркаат Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Душко Весковски од СДСМ, како и Горан Герасимовски од СДСМ и Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ.
Резултати може да се следат уште и за Струга, Охрид, Битола, Демир Хисар, Ресен, Кичево, Гевгелија, Демир Капија, Василево, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица, Кочани, Старо нагоричане, Куманово, Теарце, Желино, Боговиње, Брвеница, Дебар, Врапчиште, Чашка, македонски Брод, Студеничани, Долнени И Гостивар.
За градоначалник на Скопје
Во Скопје, во моментот, кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов води во Сарај и во Чаир, а Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кислеа Вода, Аеродром, Гази Баба и Бутел. Нема податоци за Шуто оризари.