Дијаз: Способни сме да го победиме Реал Мадрид во реваншот
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/Ruben-Dias.jpg)
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Дијаз го коментираше претстојниот реванш натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар „граѓаните“ загубија од Шпанците со резултат 2:3. Реваншот меѓу екипите ќе се одигра на 19 февруари.
-Сега е прашање на верба. Колку веруваме во себе, колку веруваме дека можеме да одиме понатаму. Се разбира, точно знаеме како ќе играме во реваншот. И порано сме биле во вакви ситуации и прашање е само колку веруваме во успех. Добрата вест е дека ако веруваме во себе и дека ќе победиме, тогаш сме способни за се. Имаме доволно „огнена моќ“ да ги победиме сите. Но, мораме да веруваме во тоа“, ги цитираше зборовите на фудбалерот прес-службата на Манчестер Сити.