„Дезинформации“: МВР демантира дека обвинителот Коцевски ја нарушил истрагата


Обвинителот Љупчо Коцевски

 

Откако утринава повеќе портали обавија информации наводно од извори на МВР дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја компромитирал истрагата за трагедијата во Кочани, Министерството подоцна соопшти дека тоа се „дезинформации“. Коцевски синоќа на Телма рече дека била во тек акција за приведување на седуммина полицајци. Некои портали утриниава пишуваа дека јавниот обвинител со споделувањето на оваа информацијата во телевизиско гостување можел да ја компромитира акцијата.

Дополнително, порталите наведуваат и дека Министерството за внатрешни работи сè уште трага по еден од седумте полициските службеници. Во објавите се наведува дека и дека полицаецот што сè уште бара е од Штип.

На прашање на „360 степени“ во врска со ваквите наводи, од МВР ги демантираат објавените информации додавајќи дека тие вчера постапувале по насоки на Јавното обвинителство.

„МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на Јавното обвинителство“, се вели во одговорот.

Инаку, три дена по трагедијата во Кочани, на 19 март, беа приведени и им беше одреден 30-дневен притвор на седуммина поранешни високи полициски службеници од Штип и од Кочани.