Девојче удрено од автомобил на пешачки премин


Илустрација

Во четвртокот, во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче.

Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.