Детали за смртта на директорот на „Ребро“ во Загреб
Долгогодишниот директор на најголемата хрватска болница КБЦ Загреб, Анте Ќорушиќ, почина при пад во болницата, јавуваат хрватските медиуми, а Јутарњи дознава детали.
Како што неофицијално се дознава, падот се случил помеѓу зградата на Дерматологија и Приемот на обединетата итна болница (ОХБП), Ќорушиќ удрил во главата и починал на лице место.
Според неофицијални информации, Ќорушиќ паднал од пожарната скала, од висина меѓу седум и осум метри.
Колегите лекари се обиделе да го реанимираат, но не успеале.
Полицијата пристигнала во болница и во тек е истрага за околностите на оваа смрт.