Десетгодишници во Аеродром палат оган во парковите


Жители на Аеродром се запрепастени од непромисленоста на децата и од немањето реакција од родителите и околните жители.

Имено, вчера, на празничен неработен ден, група деца на возраст од десетина години, се собрале во паркчето меѓу зградите и на палета ставиле суви дрва, па ги запалиле. Од фотографиите споделени на Фејсбук се гледа дека палетата е целосно в средина изгорена. Тројца од оние кои шетале таму притрчале да го изгаснат огнот, а децата се разбегале.

Според постот, околните жители само гледале од терасите и никој не подвикнал по децата, а не се ни симнал да го изгасне огнот иако во негова близина има три големи дрвја, дрвен летниковец, па поради ветрот огнот можел и да се прошири.

Која е причината десетгодишници да палат ооган среде урбан парк и тоа да се смета за игра, но и лежерноста на околните жители е она кое најмногу ја загрижува госпоѓата која го постирала инцидентот. Смета дека родителите имаат сериозен проблем со децата и дека дефинитивно треба да преземат нешто.

Од коментарите под постот може да се збележи дека и ан други места низ општината граѓаните забележале слични инциденти.

Ако подобро се разгледаат фотографиите двете клупи во близина на огнот се без неколку штици, значи уништени, а и кантата за отпадоци, место да виси како што е направена, стои на бетонскиот држач. Вандализмот е очигледен.