Десет земји немаат корона вирус, но се економски погодени


Пандемијата на корона вирусот го зафати целиот свет, освен 10 земји каде нема вирус, но нивните економии се силно погодени, пренесува Би-Би-Си.

Земји без евидентирани случаи на Ковид-19 се Палау, Микронезија, Маршалските острови, Науру, Кирибати, Соломонските острови, Тувалу, Самоа, Вануату и Тонга.

Би-Би-Си наведува дека во 2019 година Палау го посетиле околу 90.000 туристи, што е за петпати повеќе од вкупното население.

Во 2017 година, според податоците на ММФ, туризмот учествуваше со 40 проценти од БДП на земјата.

Поради пандемијата, границата со Палау е затворена од крајот на март, така што, иако нема ниту еден заразен, вирусот ја осиромаши земјата.