Десет лица уапсени за трговија со дрога


Фото: Б. Грданоски

 

Од МВР денеска информираа дека се уапсени десет лица во координирана полициска операција што се спроведе денеска. Четворица од приведени се од Гевгелија, тројца од Струмица, двајца од Струга и едно лице од Демир Капија. Меѓу нив, како што неофицијално дознава ,,Фокус“, се и поранешен градоначалник на СДСМ и син на поранешен градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и се обезбедени материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели“, стои во соопштението на МВР.

Приведените набрзо ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.