Денот на независноста, 8 Септември неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 Септември (среда), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста, стои во соопштението