Денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник во четири општини
До 9 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процен или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија.
Како што рече портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а избирачкото место 0782 во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.