Денеска ќе биде облачно и студено
Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. Измерени се и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје, Тетово, Охрид, Битола и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија.
Изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнале 39 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 26 во Пожаране, 25 Охрид, 24 во Крушево.
Висината на снежната покривка во Крушево е 14 сантиметри, во Охрид е 5.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.
Во Скопје променливо облачно и студено. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.