Денес осветен храмот „Свети Константин и Елена“
По 13 години од почетокот на изградбата, денеска со ѕвонење на камбаната, почна церемонијата на осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје.

Пред голем број граѓани, верници, високи владини функционери, пратеници, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор кои присуствуваат на свечениот чин, најпрво беше изведена “достојно ест” од страна на свештениците, по што почна церемонијата.

Осветувањето го врши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА.
-Ова здание ќе биде нем сведок ако не се исполнува со живи души. Изградивме храм со неверојатна убавина, но она што е најубаво во него е тоа што денес е исполнет со народ. Ќе повторам и сега, најубав храм е оној што е исполнет со верен народ, а денес, верувам, нема поубав храм од овој нашиов, па нека биде постојано така, да доаѓаме во храмот на секоја литургија и во секоја прилика за во осама да му се помалиме и да му заблагодариме на Бог, да го наоѓаме мирот и спокојот кој доаѓа одозгора. Да бидеме храмови што не можат да се урнат, храмови на вечниот живот, подвлече архиепископот Охридски и Македонски.


Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор.
Верниците пред осум часот утрово беа собрани пред и во храмот. Осветувањето го следат и голем број верници надвор од црквата каде е поставен голем видео бим.

Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор.
По завршувањето на осветувањето, беше соопштено дека МПЦ му доделува Орден на Св Климент Охридски од прв ред на ктиторот Сашо Костовски и неговото семејство, за финансиска помош со која беше доградена црквата.
На церемонијата меѓу присутните беа премиерот Христијан Мицкоски и министрите Панче Тошковски, Гордана Димитриеска Кочоска, Стефан Андоновски и Весна Јаневска, а присуствуваше и лидерот на СДСМ Венко Филипче.