Демографски колапс на Бугарија – сега има 6,5 милиони жители
Бугарија има 844 илјади помалку од пред десет години. Демографскиот колапс се должи на нискиот наталитет, високата смртност и миграцијата
Вројот на населението на Бугарија прогресивно се намалува – сега државата има 6,5 милиони луѓе. Тоа значи дека има помалку 844 илјади луѓе во споредба со пописот во 2011 година, или 11,5 проценти. Овие податоцви ги претстави Националниот статистички институт (НСИ) како прелиминарна проценка на пописот спроведен во септември-октомври минатата година. Демографскиот колапс главно се должи на нискиот наталитет, високата смртност и миграцијата, соопшти НСИ.
Земјата имала сличен број жители во 1934 година, по што населението постојано растеше до 1985 година, кога било највисоко – 8,94 милиони луѓе.
Само Софија е регионален центар со пораст на населението од 2011 година – 14,7%, или 189 илјади луѓе. Главниот град има 1,48 милиони Најголем одлив има во градовите во Северна Бугарија: Видин, Добрич, Велико Трново, Монтана, Русе, сите со осипување на населението над 20 отсто.
Пресметките соопштени од НСИ се прелиминарни, бидејќи податоците од пописот сѐ уште се обработуваат. Од пописот на населението во Бугарија од 1880 година, ова е прв што не ги опфати сите жители во земјата. Причините се пандемијата COVID-19, хакерскиот напад на електронскиот попис и неподготвеноста на луѓето да станат попишувачи.
Само 34% од луѓето биле пребројани електронски, што е намалување дури и во споредба со претходниот попис во 2011 година. Конечните податоци од пописот 2021 година ќе бидат објавени на крајот на годината.