„Делта“ на патниците ќе им обезбеди бесплатен интернет за време на летовите


„Делта ер лајнс“ планира да им понуди бесплатен Wi-Fi на сите свои патници почнувајќи од 2023 година.

„Делта ер лајнс“ веќе е во процес на тестирање на интернетот, а тестот е ограничен само на патниците во нејзината програма за чести летови. Сепак, услугата ќе биде значително проширена во текот на следната година.

Бесплатниот Wi-Fi ќе биде достапен во значителен број авиони на „Делта ер лајнс“, но во вториот дел од годината услугата ќе биде активна и во останатиот дел од флотата. Откако програмата ќе биде достапна, патниците најверојатно ќе треба да го внесат својот број за лојалност SkyMiles за да користат интернет.
<

Уште во 2018 година, извршниот директор на „Делта ер лајнс“, Ед Бастиан, ја објави намерата на компанијата да понуди бесплатен интернет, а неодамна беше направена промена во тестирањето. „Делта ер лајнс“ моментално ги користи Viasat и Intelsat за пристап до интернет и планира да опреми поголем дел од домашната флота на САД со услугата Viasat до крајот на оваа година. JetBlue е единствената голема американска авиокомпанија која моментално нуди бесплатен Wi-Fi за сите свои патници.

Авио-индустријата со години се обидува да го подобри Wi-Fi преку тестирање на различни провајдери и деловни модели, но резултатот сè уште е хаос за потрошувачите. Онлајн барањата и цените може да се менуваат на ист лет, дури и на иста авиокомпанија.

Патниците се надеваат дека потегот на „Делта ер лајнс“ ќе ги мотивира останатите авиокомпании да понудат бесплатен Wi-Fi.