Делови од Србија под снег, 17 села немаат струја


 

Во западниот и југозападниот дел на Србија паѓа снег, а висината на снежната покривка некаде изнесува и до 40 см.

Во пониските предели има 5-10 см снег.

„Снегот и понатаму паѓа, а висината на снежниот покривач од час во час е се повисока. Штом престане да врне, ќе го чистиме снегот“, вели за Рина претседателот на Оптината Ивањица, Момчило Митровиќ.

Некои пaтишта се потполно завеани.

Снежните врнежи не преставуваат ни во Сеница, а во повисоките предели формиране покривач од речиси половина метар, а поради лошите врмеменски услови 17 села се без струја.

„Повторно сме завеани и потполно во хаос, ова е неиздржливо. Струја нема веќе 48 часа, патиштата не се исчистени, а живееме како на дивиот запад“, вели еден од мештаните.

За утре пак издадено е предупредување за цела територија на Србија, каде се очекуваат снежни врнежи, некаде и дожд, а се очекува и нивото на некои реки да надмине гранични вредности.