Делови од Аеродром ноќеска без струја, информираат од ЕВН
Електродистрибуција ги информира граѓаните дека поради планирани технички зафати делови од Општина Аеродром во текот на наредната ноќ ќе останат без струја.
Прекини во снабдувањето со електрична енерија се планирани во периодот од полноќ ноќеска до 8 часот утре наутро во делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово.