Делегацијата на ВМРО на средба со Хан: Честитки за реформските закони
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, составена од потпретседaтелот Александар Николоски, пратеникот Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски, денес во Брисел остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
„Во текот на средбата, еврокомесарот беше информиран за одличниот резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на одржаните претседателски избори. При разговорот со Хан, посебно беа нагласни сериозните злоупотреби од страна на институциите и владејачките партии во целиот изборен процес и изборниот инжињеринг кој беше спроведен меѓу двата круга“, нагласуваат од партијата.
На средбата станало збор и за реформската агенда, при што била потцртана улогата на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија.
„Високо беше отценет придонесот на ВМРО-ДПМНЕ во подобрувањето на неколку реформиски закони во Собранието. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека владата нема капацитет да испорача остварливи резултати. Посебно беа ноторани слабостите во борбата против корупцијата, реформата на правосудството и економијата“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.