Делегација од Саудиска Арабија кај министерот Османи


 

Делегација од Саудиска Арабија на чело со министерот за економија и планирање  Фаисал Алибрахим денеска беше на средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи, на која најмногу се разговараше за економската соработка и трговската размена. МНР соопшти дека на состанокот Османи истакнал дека Министерството за надворешни работи става посебен акцент на економската дипломатија, за што сведочи и упатувањето на економски советник во Амбасадата во Абу Даби, кој е надлежен и за економска соработка со Саудиска Арабија. Соговорниците се согласиле дека е потребно е проширување на постојната договорна рамка, со што ќе се постави основ за натамошно продлабочување на односите помеѓу двете земји.

На средбата се раговарало и за соработката на мултилатерален план, за надворешно-политичките приоритети на двете земји, за регионални теми, како и за актуелните меѓународни прашања и предизвици. Министерот Алибрахим исто така се осврна и на нивната кандидатура за домаќини на ЕКСПО 2030 во Ријад и ја презентираше нивната програма за организација на овој светски настан.