Децата од СОС Детско село засадија 150 дрвца во Инџиково донација од „Иуте“


За Денот на пролетта, 21 март, ќе се засадат 5.000 нови дрва на територија на општина Гази Баба.

Првата активност се оддржа на просторот околу спортскиот терен Солидарност во Инџиково каде што се засадија 150 нови садници кои се донација од финансиското друштво Иуте Македонија.

– Заедно со дечињата од СОС Детското село и преставници на финансиското друштво Иуте Македонија засадивме 150 нови садници дрва на просторот околу спортскиот терен Солидарност во близина на Детското село. Секое дете кое е згрижено во СОС Детско село доби свое дрво за кое во иднина ќе се грижи! Засадените 150 садници дрва се донација од финансиското друштво Иуте Македонија – рече градоначалникот Бобан Стефковски.

На официјалниот настан кој се одржа викендов под мотото Растеме заедно, на спортското игралиште Инџиково во Општина Гази Баба беа засадени 150 дрва, преку директна донација и поддршка од Иуте Македонија.

Донацијата е резултат на меморандумот за соработка помеѓу Иуте и Општина Гази Баба, со којшто не само што се обезбедуваат насади за пошумување, туку и нивна одржливост низ годините.

За време на настанот присуствуваа и дечињата од СОС детско село кои заедно со тимот на Иуте, дечињата од Гази Баба и фудбалскиот клуб, добија дрво со свое име и иницијали, кое ќе биде засадено и ќе се одржува низ годините како симбол на растење и придонес кон позелена околина.

– Навистина сме горди на овој проект и особено на партнерството со нашите пријатели од Man and Mountain, на тој начин приклучувајќи се кон најголемите еко иницијативи во нашава земја, на кои ќе се посветиме со ист интензитет и ентузијазам како и денес. На овој начин не само што даваме придонес кон позелена околина, туку обезбедуваме одржливост и континуитет, и најважно од се, креираме вредности кај децата уште од мали нозе – изјави Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.