Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа


Разузнавачката служба на Данска во денешниот извештај наведува дека Русија може да биде целосно подготвена за војна против Европа пет години од завршувањето на војната во Украина.

Во извештајот се посочува дека врз основа на анализите за заканите, САД нема да учествува заедно со земјите-членки на НАТО во таквата војна.

Според данската разузнавачка служба Русија не е способна во исто време да води војна против Украина и една или повеќе земји-членки на НАТО.

– Ако конфликтот во Украина заврши или биде замрзнат, Русија ќе ослободи значителни воени ресурси и потенцијално би можела да нападне соседна земја во рок од шест месеци, се истакнува во извештајот.

Службата нема информации дека Русија има конкретни планови за војна против земја од НАТО, но претпоставува дека Москва би можела да нападне ако оцени дека Алијанса е ослабена, на пример, ако САД ја повлечат поддршката.

Разузнавачките служби на неколку скандинавски земји сметаат дека рускиот напад е најголемата закана за нивната национална безбедност. Ако конфликтот во Украина заврши или биде замрзнат, Русија ќе ослободи значителни воени ресурси и потенцијално би можела да нападне соседна земја во рок од шест месеци, се вели во извештајот.

Службата нема информации дека Русија има конкретни планови за војна против земја од НАТО, но претпоставува дека Москва би можела да нападне ако смета дека западната воена алијанса е ослабена, на пример, ако САД ја повлечат поддршката.

Разузнавачките служби на неколку скандинавски земји сметаат дека рускиот напад е најголемата закана за нивната национална безбедност.