Данела Арсовска утре ќе ја промовира партијата – Нова алтернатива


Фото: Б. Грданоски

 

На четири месеци пред изборите градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излегува на политичката сцена со своја партија. Промоцијата на партијата, Нова алтернатива, ќе биде на 17 јануари, среда, во 18 часот. 

Претседател на новата партија ќе биде самата Данела Арсовска. Нејзиниот партѕиски активизам таа го најави неодамна во интервју за ТВ 21.

Нова алтернатива е партија чиј основач и лидер е д-р Ѓорѓи Оровчанец и формирана е уште во 2007 година. Таа е еден од „рестловите“ на Демократска алтернатива на Васил Тупурковски. Партијата на Оровчанец, освен што беше дел од коалицијата со СДСМ на последните парламентарни избори , нема никави политички активности со години. Сега со „преземањето“ на партијата Арсовска ќе ја одбегне процедурата за собирање потписи за нејзина регистрација. Учеството на Арсовска на изборните дополнително ќе ја згусне битката во Првата и Втората изборна единица, каде припаѓа Градот Скопје.

Според последната анкета на ИРИ од април-мај минатата година на прашањето „Дали Данела Арсовска добро ја врши работата за да добие уште еден мандат“ – потврдно одговориле завидни 29 отсто од анкетираните, додека за друг кандидат се изјасниле 53 проценти.

Кои личности ќе бидат дел од оваа политичка формација останува да видиме.