Данела Арсовска го бојкотираше доделувањето на наградата „13 Ноември“

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска синоќа не присуствуваше на свеченото доделување на наградата на Град Скопје „13 Ноември“, што е традиција. Годинава наградите на добитниците им ги врачи жири комисијата. Тоа предизвика бура од реакции од добитниците на наградата „ 13 Ноември“ и од комисијата која решаваше за наградените.
Според членови од комисијата отсуството на Данела Арсовска е негативна реакција и некомплетен протоколот за врачување на наградата, кој подразбира секогаш до претседателот на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември “, да стои градоначалникот, кој ја врачува наградата.
Од Град Скопје соопштија дека целосната организација, постапка и избор за доделување на наградите беше завршена, а воедно и наградите доделени и парафирани непосредно пред превземање на нејзиниот мандатот.