Дали „специјалната воена операција“ стана војна: Источна Украина без струја


 Во повеќе места во источниот дел на Украина синоќа имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија украински претставници.

Струја немаше и во вториот град по големина, Харков, но и во регионите Доњецк и Суми во источна Украина.

Електрична енергија исто така немаше и во Краматорск, град лоциран во источниот дел на земјата.

Нови информации за руски напади на Харков и други градови

Украина ја обвини Русија дека покренала напади со крстосувачки ракети на цивилната инфраструктура во Харков како одмазда за боиштето каде руските сили претрпеа порази последните денови.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, рече дека еден удар го прекинал снабдувањето на градот со струја и со вода.

Има извештаи дека нема струја и во Дњепро, Полтава и други источни градови, што може да влијае на милиони цивили, но Кирил Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски, рече дека во подоцнежните часови струјата повторно била воспоставена во некои региони.