Д-р Караџовски пренесен во болница поради компликации со Ковид-19

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски заврши во болница откако пред една недела имаше позитивен тест на коронавирусот и остана дома во самоизолација. Од Клиниката за заразни болести во Скопје потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.

Клиниката за заразни болести е полна, но модуларната болница во нејзиниот двор е затворена, а пациентите се дисперзирани на интерните клиники поради намалениот број на лица кои имаат потреба од хоспитализација, пренесе Алсат М.