Д-р Беќаровски: Присуство на цивили во Ковид центар е свесно загрозување на јавното здравје
Откако во јавноста излегоа информации дека во ковид-центарот во Тетово освен од медицински персонал, дел од болните биле придружувани од нивни роднини, не стивнуваат реакциите поради опасноста ова да предизвика поголемо ширење на заразата.
„Континуираното присуство на цивилни невработени лица внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница”, реагира д-р Нико Беќаровски преку неговиот Фејсбук профил.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави на прес-конференција дека во тетовската модуларна болница имало и придружници и дека тоа било тешко да се менаџира.