ЦУК: Пожар зад ОХИС, го изгаснаа четворица пожарникари


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Пожар избувнал вечерва на стрниште зад фабриката Охис, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), но по интервенција на пожарникарите бил изгаснат.

Пожарот избувнал во 21:10 часот и бил надвор од кругот на Охид.

Горела сува трева, по што интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно (ПП) возило, наведе ЦУК.

Од институцијата информираат и дека во текот на денов се регистрирани 20 пожари на отворено.

Изгаснати се 18, а активни се два – во село Батинци во близина на школото и во село Блаце каде што гори нискостаблеста шума